Свет

Нов извршен директор на „Карфур“ за мали формати

24 Aug 2018

Александре де Палма доаѓа на функцијата извршен директор за мали формати во „Карфур" – Франција, на местото на Кристоф Рабател.

Рабател неодамна го презеде раоводењето со операциите на трговецот на полскиот пазар.

Новиот директор за мали формати за своите бизнис-одлуки директно ќе му одговара на Паскал Клузар, кој од минатата година е директор на операциите на „Карфур" – Франција. Де Палма презеде положба и во извршниот одбор, воспоставен од новиот претседател и директор Александре Бомпар.

Де Палма три години бил на функцијата директор за развој на „Казино", а претходно и директор на мултинационалната угостителска и прехранбена групација „Елиора".

Имаме намера да го развиваме бизнисот со ресторани во Франција, на ист начин како концептот на гурмански продавници во Шпанија, се истакнува во соопштението на францускиот трговец.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...