Рускиот трговски синџир „Х5 ритеил" отвори „dark store" во Москва, со што вкупниот број на објекти во неговата продажна мрежа достигна до 13.500.
Форматот наречен „dark store" (продавница во сенка) е голем објект што наликува на конвенционален маркет, но е затворен за потрошувачите и се користи исклучиво за складирање и ораганизирање на нарачките преку интернет. Московскиот објект ќе биде наменет за интернет-продажбата преку платформата perekrestok.ru, која им е достапна на жителите на Москва и околината.
„Dark store" е нов концепт на најголемиот руски трговски синџир. Новоотворениот објект се простира на површина од 4.400 квадратни метри и има капацитет за складирање на 20.000 артикли.
Извор: www.esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.