Свет

Руски „Светофор“ влегува во Романија

06 Aug 2018

Рускиот хард-дисконтер „Светофор" најави влез на романскиот пазар под банерот „Мере", со намера во следните две години да отвори 100 објекти.

Според зборовите на Андреј Филип, менаџер за аквизиции во „Торгсервис РМ СРЛ", компанија што го застапува работењето на „Светофор" во земјата, првата продавница ќе биде отворена во комуната (најмала административна единица во Романија) Снагов, на околу 40 километри северно од Букурешт, а втората во градот Брашов. Тој изјавил дека е планот на трговецот е до крајот на годинава да отвори 16 објекти.

Просечната површина на продавниците, кои ги таргетираат семејствата со средни и со пониски приходи, ќе биде од 800 до 1.200 квадратни метри.

Основан во 2009 година, „Светофор" има околу 600 продавници во Русија, а хард-дисконтерот е присутен и во Белорусија, Казахстан и во Азербејџан. Од синџирот најавуваат дека планираат проширување и на пазарите на Полска, Германија и Молдавија.

Во дисконтниот сегмент, „Светофор" ќе се соочи со конкурентите „Лидл" и „Пени", кои имаат по 200 продавници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...