Италијанскиот производител на кафето Lavazza во понеделникот објави дека има намера да ја купи австралиската компанија „Блу под кофи", продолжувајќи со бранот аквизиции, со кои настојува да го зголеми обемот на работа на глобално ниво.
Италијанската групација е присутна на австралискиот пазар веќе 30 години, а во последните десет години, „Блу под кофи" беше ексклузивен дистрибутер на апаратите за еспресо и за капсули Lavazza во Австралија.
Во март годинава, Антонио Баравале, главен извршен директор на „Лаваца" истакна дека групацијата оваа година ќе се фокусира на органскиот пораст, откако во 2017 година оствари приходи од 2 милијарди евра, зголемувајќи ги за 6,3% во споредба на една година претходно.
Операцијата е дел од стратегијата за интернационализација што ја спроведува компанијата и ја потврдува важноста на Австралија како еден од клучните пазари, се наведува во соопштението на „Лаваца".
Во изминатите неколку години, „Лаваца" купи неколку странски компании, како што се канадскиот производител на органско кафе „Кикинг хорс", францускиот „Карте ноар" и данскиот „Мерил", а го купи и италијанскиот дистрибутер на капсули и машини за кафе „Нимс".
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.