Свет

Јапонски брод произведува водород

04 Apr 2025

Јапонската бродска компанија „Мицуи О.С.К. лајнс“ (МОЛ) е првата во светот што произведе водород на море и го испорача на копното во Токио.

МОЛ го произведе водородот на море со помош на својот демонстративен брод „Винц мару“, кој има машина што произведува зелен водород, лесен за транспорт. Бродот е дел од еден поголем проект на компанијата, кој има цел да создаде зелен синџир за снабдување со водород.

„Винц мару“ користи ветер за навигација, а исто така генерира електрична енергија користејќи подводни турбини и произведува зелен водород од морската вода. Повеќенаменскиот брод е дизајниран за производство, складирање и испорака на водород. МОЛ ги спроведува тестовите во заливот Омура од 2023 година досега. Во моментов се размислува за поголем брод, кој би можел да биде оперативен до почетокот на 2030 година, а добиената електрична енергија е наменета за Токио.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...