Свет

Холандија: „Унилевер“ го продава брендот The Vegetarian Butcher

24 Mar 2025

„Унилевер“ соопшти дека добила понуда од холандската компанија „Вивера“ за преземање на брендот The Vegetarian Butcher.

„Униливер“ го презеде овој бренд во 2018 година од основачот Јап Кроверга, од тогаш оствари силен двоцифрен раст, проширувајќи го присуството на брендот на над 55 пазари низ светот, соопштуваат од компанијата.

Овој потег е дел од пошироката стратегија за попрецизно обликување на портфолиото на компанијата со фокус на брендовите кои овозможуваат долгорочен раст и приспособливост. Разладените и замрзнатите производи брендот  бараат специфичен синџир на снабдување и модел на набавки, што ги прави помалку  складни во поширокото портфолио на „Унилевер фудс“.

Од аквизцијата, The Vegetarian Butcher доживеа значителен раст и лансираше голем број на исклучителни производи. Креативните и ефективни кампањи поттикнаа вистинска љубов кај потрошувачите за овој бренд. Овие напори не само што придонесоа за успехот на брендот, туку дополнително ја потврдија посветеноста на „Унилевер“ за растителната храна и револуционерни иновации. Верувам дека овој бренд има огромен потенцијал за уште поголем успех во следната фаза со новите сопственици, изјави Хајко Шипер, претседател на „Унилевер фудс“.

Импресивната и неуморна посветеност на тимот на The Vegetarian Butcher ја оживеа визијата на  Јап Кроверга во невидени размери, без да прави никакви компромиси. „Вивера“ е горда што соработува со истомисленици и експерти во областа на производи од растително потекло, со истата голема амбиција да создаде подобра и далеку повеќе прехранбена индустрија базирана на растително потекло. Со нетрпение очекуваме заеднички да ја забрзаме оваа важна транзиција, потпирајќи се на комплементарните надлежности на двете компании, додаде Вилем ван Виде, извршен директор на „Вивера“.

 Се очекува оваа аквизиција да биде завршена во третиот квартал од годинава.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...