Свет

„Амазон“ отвори е-продавница во Ирска

21 Mar 2025

„Амазон“ – Ирска  официјално ја отвори својата виртуелна врата, нудејќи им на купувачите во Ирска повеќе од 200 милиони производи.

По повод лансирањето, компанијата претстави специјална промотивна цена за купувачите кои ќе одлучат да станат членови на програмата за лојалност на „Амазон прајм“, која нуди брза и бесплатна достава, специјални зделки, пристап до „Прајм видео“ и „Прајм гејминг“ услуги, како и специјални понуди од партнери како „Деливеро“.

Купувачите во Ирска кои веќе имаат членство во „ОК прајм“ може лесно да се префрлат на „Амазон.ие прајм“ нивното членство во ОК автоматски ќе биде откажано и вратено.  

Нашите тимови низ земјата се исклучително горди и возбудени поради лансирањето на платформата Amazon.ie, која носи широк спектар на квалитетни производи со брза испорака до ирските купувачи, локално членство во „Прајм“ со големи придобивки, како и бројни можности за ирските претприемачи да допрат до повеќе купувачи. Работиме на овој проект од отворањето на нашиот центар за нарачки во Даблин во 2022 година и едвај чекаме да го напишеме следното поглавје од нашата приказна во Ирска, изјави Алисон Дан, менаџер на „Амазон“ за Ирска.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Амазон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...