Инфлацијата во еврозоната минатиот месец се намали повеќе од очекуваното. Според прелиминарната проценка на „Евростат“, во февруари растот на потрошувачките цени забавиле на 2,3 отсто на годишно ниво.
Институтите прогнозираа стапка од 2,4 отсто. Инфлацијата во јануари изнесуваше 2,5 отсто и се зголемува веќе четири месеци по ред.
Цените во февруари продолжија да растат побрзо од стапката од два отсто што Европската централна банка го има како долгорочна цел. Инфлацијата беше поттикната од натпросечното зголемување на цените на услугите, храната, алкохолните пијалоци и тутунските производи.
Меѓу земјите од еврозоната, инфлацијата беше најсилна во Естонија со 5,1 отсто, а најслаба во Франција со 0,9 отсто, наведуваат статистичарите.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.