Свет

Данска: „Нето“ ќе ги означува американските производи со посебна ознака

19 Mar 2025

Данската компанија „Салинг груп“ во своите продавници низ државата со посебна ознака ќе ги обележува американските производи за да можат купувачите да ги избегнуваат.  

 Неодамна добивме голем број барања од купувачите кои сакаат да купат прехранбени производи од европски брендови. За да ги задоволиме нивните потреби, воведуваме нова ознака на нашите електронски ценовници во продавниците „Билка“, „Фотекс“ и „Нето“, со мала ѕвездичка ќе означи дека одреден бренд е во сопственост на европска компанија. Нашиот асортиман ќе продолжи да вклучува брендови од целиот свет, а изборот секогаш ќе биде на купувачите. Новата ознака е само дополнителна услуга за оние кои сакаат да купат производи од европски брендови. Постојат повеќе начини да се утврди ова, а ние ставаме ѕвездичка кога крајниот сопственик на трговската марка е од Европа. Се надеваме дека купувачите ќе ги поздрават овие нови информации и, како и досега, ќе имаат целосна слобода на избор од нашата широка палета на производи од целиот свет, изјави Андерс Хаг, извршен директор на „Салинг груп“.

Данските ставови за САД се сменија на полошо бидејќи американскиот претседател повика на американско преземање на Гренланд, автономна данска територија, како и воведување царини за европските производи.

Истражувањето спроведено од британската компанија за истражување на пазарот и јавното мислење YouGov во јануари оваа година покажа дека Данците веруваат дека САД се поголема закана за нив од Северна Кореја.

Американскиот бизнис портал „Фаст компани“ пишува дека црната ѕвезда на цените на американските производи можеби е мала, но може да има огромно влијание. Доколку овој тренд почне да се шири низ Европа, американските компании би можеле да го почувствуваат тоа.

Потсетуваме дека и во Шведска се формирани групи преку социјалните мрежи кои повикуваат на бојкот на стоката од САД. Како причина за тоа го посочија односот на администрацијата на Трамп кон Стариот континент.

 

Извор: eKapija

Фото: „Нето“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...