Свет

ОЕЦД ги намали прогнозите за економскиот раст на Германија

18 Mar 2025

Според проценките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), германската економија е во полоша состојба отколку што се порано се претпоставуваше.

Уште во декемвриската проценка за годинава, Германија била на последното место со раст од 0,7 отсто, а сега експертите ги ревидираа своите очекувања на ниво од 0,4 отсто, се наведува во извештајот кој беше претставен во Париз. Пониски проценки од Германија има само Мексико.

Германија го следи трендот на светска економија кој според извештајот сериозно го погодуваат трговските судири во врска со политиката на САД. Во комбинација со геополитичките судири, тоа создава клима во која што компаниите помалку инвестиираат додека потрошувачите ги чуваат своите пари.

Експертите на ОЕЦД ги намалија очекувањата за глобалниот економски раст за оваа и за следната година. Според прогнозите најпогодени ќе бидат Мексико и Канада, а следната година значитечен пад ќе има и во САД.

Бројките се зановани на претпоставката дека американските царини ќе стапат во сила според планот и дека Канада и Мексико ќе одговорат со контрамерки.

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...