Свет

САД: Трамп се заканува со царини од 200 отсто за европските пијалаци

14 Mar 2025

Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто на европското вино, шампањ и жестоки пијалаци ако Европската унија  не се откажае од најавените царини на американското виски од 50 отсто.

Ако оваа царина не се тргне веднаш, САД наскоро ќе воведат царини од 200 отсто на сите вина, шампањи и алкохолни пијалаци кои доаѓаат од Франција и други земји од Еу. Тоа ќе биде одлично за бизнисите со вино и шампањ во САД, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи.

Трамп ја опиша ЕУ како „една од властите на светот со најмногу непријателски даночни и царински политика, чија единствена цел е да се оствари корист на штета на САД“, пренесува „Асошиејтед прес“.

Царината на ЕУ од 50 отсто на американското виски, која преставува одговор на американските царини на челикот и алуминиумот, би требало да стапи на сила на 1 април.

Извор:Biznis.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...