Компанијата „Макс & Спенсер“ најави инвестиција од 95 милиони фунти во платите на своите вработени во малопродажбата, што воедно е и најголема инвестиција на компанијата во платите во овој сектор.
Од 1 април, саатницата за помошните работници во продавниците во Обединетото Кралство (околу 50.000 вработени) се зголемува од 12 фунти на 12,60 фунти, што претставува зголемување од 5% во однос на минатата година и вкупно зголемување од 26% од 2022 година. Помошните работници во Лондон ќе забележат зголемување на нивната саатница од 13,15 фунти на 13,85 фунти, што е зголемување од 5,3 отсто во однос на минатата година.
За менаџерите за тимска поддршка, саатницата се зголемува од 13,05 фунти на 13,65 фунти, додека за менаџерите во Лондон ќе се зголеми од 14,20 фунти на 14,90 фунти. Минатата година „М&С“ инвестираше 89 милиони фунти во зголемување на платите во Обединетото Кралство, како и дополнителни 5 милиони фунти во подобрување на политиките за породилно отсуство, татковство и посвојување. Инвестицијата планирана за 2025 година значи дека „М&С“ има инвестирано повеќе од 285 милиони фунти во плати во малопродажбата од 2022 година.
По неодамнешните зголемувања на даноците и придонесите од Националното осигурување на Владата, не е тајна дека „М&С“, како и целиот малопродажен сектор, се соочуваат со значителни трошкови притисоци во новата финансиска година. Сепак, отсекогаш сум верувал дека не смееме да дозволиме овие притисоци да влијаат на нашите вработени, поради што трета година по ред правиме рекордна инвестиција во платите на мало. Ова значи дека инвестиравме речиси 300 милиони фунти во зголемување на платите во последните три години, што е многу над стапката на инфлација, со водечки бенефиции како што се попусти и пензиски пакети за нашите вработени, изјави Стјуарт Мачин, извршен директор на „M&С“.
Извор: InStore.rs
Фото: „M&С“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.