Свет

Швајцарија: „Кооп“ лансира прехранбени производи од неискористените нуспроизводи

10 Mar 2025

Со лансирањето на новиот бренд Nice to Save Food, „Коп“ стана првиот трговец на мало во Швајцарија кој воведе прехранбени производи направени од неискористени нуспроизводи.

Палетата Nice to Save Food се фокусира на состојки кои претходно биле запоставени во прехранбената индустрија и потекнуваат од нуспроизводи. Ова ги вклучува суровините како што се окара (нуспроизвод на производство на пијалоци од тофу и соја) и овесни трици, кои се произведуваат при преработка на овес и овесно брашно.

Овие состојки се со висок квалитет и богат вкус, полни со вредни хранливи материи и можат да се користат на различни кулинарски начини. Со користење на овие нуспроизводи, „Кооп“ се бори против отпадот од храна, а истовремено го открива потенцијалот на овие занемарени состојки, се вели во соопштението на компанијата.

Првиот понуден производ ќе биде органската окара, додека палетата постојано ќе се проширува и наскоро ќе го вклучи чоколадото Milky & Dark Fusion направено од нуспроизводи од производството на чоколадо.

Приватната трговска марка е развиена во соработка со компанијата „Бети Боси“, позната по своите апарати за готвење и книги со рецепти.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Кооп“ – Швајцарија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...