Како дел од својата стратегија за одржливост, компанијата „Едека норд“ додаде два нови камиони со погон на водород во својот возен парк, кои не произведуваат директни емисии на CO2 и значително придонесуваат за намалување на загадувањето предизвикано од товарниот транспорт.
Многу сме среќни што можеме да го унапредиме нашиот пилот - проект со два камиони со водород. Одржливоста е централен дел од нашата деловна стратегија и оваа пресвртница ја покажува нашата посветеност на позелена иднина, изјави Френк Бреуер, извршен директор на „Едека норд“.
Со оваа иницијатива, ние активно придонесуваме за намалување на нашиот јаглероден отпечаток. Мора да работиме на изнаоѓање нови начини за постигнување на нашите климатски цели. Употребата на камиони со водород е иновативен чекор кон одржлив транспорт, нагласи Клас Махлштет, шеф за логистика во „Едека норд“.
Пилот - проектот ќе биде детално анализиран во наредните месеци, ќе се испита опсегот, ефикасноста во секојдневната употреба, како и инфраструктурата за полнење со зелен водород, се вели во соопштението на компанијата.
Проектот ја претставува најновата иницијатива на компанијата насочена кон намалување на влијанието врз животната средина. Покрај зелениот водород, компанијата се потпира на енергетски ефикасни локации за складирање, концепти за одржливо пакување и регионални синџири на снабдување. Дополнително, целата флота на камиони на компанијата се префрли на HVO дизел во јануари.
Ние постојано се потпираме на одржливи решенија во логистиката и ќе продолжиме да ги оценуваме иновативните технологии и алтернативните системи за возење за да го намалиме нашето влијание врз животната средина, изјави Хелене Далке, директор за одржливост во „Едека норд“.
Извор: InStore.rs
Фотографија: „Едека норд“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.