Свет

„Амазон“ го олеснува доставување на пакети до трговците во Полска и Холандија

28 Feb 2025

Компанијата „Амазон“ го објави лансирањето на својата услуга Easy Ship за трговци кои ги продаваат своите производи на платформите Amazon.pl и Amazon.nl.

Оваа услуга им овозможува на трговците поедноставен начин за исполнување на нарачките на „Амазон“ со закажување на подигнувањето на избраната адреса. Услугата ќе биде особено значајна за малите и средни бизниси, кои стојат зад повеќе од 60% од продажбата на „Амазон“ во Полска и Холандија.

Постојано бараме начини да ги поттикнеме локалните претприемачи на нивниот пат кон успехот. Нашата цел е да ги поедноставиме нивните секојдневни операции и да ја оптимизираме логистиката, што е предизвик за многумина од нив. Затоа ви го претставуваме Easy Ship. Ова е уште еден важен чекор во нашата мисија да им помогнеме на претприемачите да го откријат својот целосен потенцијал, изјави Јанина Рамп, директор на платформата  во „Амазон.пл“.

Наш врвен приоритет и за нашите трговци   секогаш е купувачот, а брзата испорака останува едно од нивните клучни очекувања. Алатките што ги воведуваме помагаат да се задоволат овие потреби и им покажуваат на трговците дека процесот на исполнување нарачки може да биде едноставен и без проблеми, охрабрувајќи повеќе претприемачи да ги откријат можностите на нашата платформа, истакна Катарзина Чиечановска-Циоск, директор на платформата „Амазон пл“.

Меѓу клучните предности што ги обезбедува Easy Ship, компанијата ги истакнува достапните цени на услугите, експресната испорака преку InPost во Полска и DHL во Холандија, следењето на пратката во реално време и осигурувањето во случај на губење или оштетување на пакетот.  

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Амазон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...