Холандската компанија „Џамбо“ во соработка со компанијата „Ди неуве мелкбоер“, лансираше три растителни јогурти од соја.
Новите јогурти, направени од холандска соја и лансирани под приватната трговска марка, Direct from the Farm („Direct van de Boerderij“), доаѓаат во три вкуса - природен јогурт, ванила и шумско овошје.
Покрај тоа што им олеснува на потрошувачите да се префрлат на диета базирана на растителна храна, овие производи придонесуваат и за други цели за одржливост на малопродажниот синџир, вклучително и спречување на отпадот од суровини и намалување на емисиите на CO2, се вели во соопштението на компанијата.
Имено, компанијата Ди неуве мелкбоер“, разви производствен процес кој овозможува користење на цели зрна соја, што ја зголемува количината на влакна во производите и придонесува за намалување на отпадот.
Повеќето од нашите свежи производи доаѓаат од Холандија. Ние сме горди на локалните производи и земјоделците, како што е „Ди неуве мелкбоер“, кои обезбедуваат вкусни, одржливи и висококвалитетни производи во нашите продавници секој ден. Со овие растителни јогурти направени од холандска соја, на купувачитите им нудиме уште поголем избор во сегментот на млечни производи од растително потекло – и со навистина вкусен производ од домашно потекло. Секако, остануваме доследни на слоганот на оваа линија: произведен од холандски фармери, кој е јасно означен на пакувањето и, се разбира, со извонреден вкус, изјави Мено Вигтман, менаџер на секторот за овошје, зеленчук и протеини во „Џамбо“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Џамбо“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.