Свет

Велика Британија: „Лидл“ ќе започне со продажба преку ТикТок

19 Feb 2025

„Лилд“ – Велика Британија го најави започнувањето на продажбата преку „ТикТок шоп“, што го прави првиот трговец на мало што ги продава своите производи на оваа платформа.

Дисконтерот ќе лансира 3.000 пакувања високопротеински производи кои ќе бидат достапни исклучиво во продавницата „ТикТок“, објави „Гроусер“.

Секое пакување ќе чини пет фунти, а сите приходи од продажбата компанијата ќе ги донира на Националното друштво за спречување на суровост кон децата.

Со оглед на брзо растечкиот број на купувачи на TikTok, горди сме што сме првиот дисконтер што ќе ја претстави нашата единствена понуда на нашите купувачи директно на платформата, изјави Џоана Гомер, маркетинг директорка на „Лидл“ – Велика Британија.

Оваа одлука е дел од напорите на „Лидл“ за собирање на средства за Националното друштво за спречување на суровост кон децата, со кое неодамна склучи петгодишно партнерство.

Компанијата на оваа организација досега донирала 10 милиони фунти, а до 2030 година има цел да собере пет милиони фунти за поддршка на услугата „Childline“. Се работи за бесплатна повикувачка линија за загрозените деца и млади лица до 19 години во Велика Британија.

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: Instore



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...