Свет

САД: „Молсон корс“ ја презема дистрибуцијата на пијалаците Fever tree

05 Feb 2025

Компанијата за пијалаци „Молсон корс“ го проширува своето портфолио на безалкохолни пијалаци во САД преку ново стратешко партнерство со „Фивер три дринкс“.

Како дел од партнерството, „Молсон корс“ ќе ги преземе ексклузивни права за комерцијализација на палетата на тоници, пива, коктели и други производи на „Фивер три“ во САД. Компанијата ќе биде одговорна и за заедничкото производство, маркетинг, продажба и дистрибуција на овој бренд во САД.

Овој потег претставува значаен чекор напред во стратешката амбиција на „Молсон корс“ да изгради сеопфатно портфолио на пијалаци приспособено на широк спектар на преференции на потрошувачите, како за традиционални прилики за консумирање на алкохол, така и за безалкохолни алтернативи, се вели во соопштението на компанијата.

Веќе постигнавме напредок во овој сегмент, а новото партнерство претставува значајна пресвртница бидејќи Fever tree станува најновиот и најголемиот безалкохолен бренд во нашето портфолио. САД се нашиот најголем глобален пазар според приходите, поради што веруваме дека ова партнерство дава одлична можност за нашите тимови дополнително да го надградат успехот што Fever tree веќе го постигна. Нашите купувачи го бараа овој бренд од нас, а со обемот, силните партнери и експертизата на нашиот тим, уверен сум во светлата иднина на Fever tree како дел од нашата растечка понуда на безалкохолни пијалоци во САД, изјави Гевин Хатерсли , извршен директор на компанијата „Молсон корс“.

Основана во Обединетото Кралство во 2004 година, „Fever tree стана лидер во растечкиот премиум сегмент. На американскиот пазар, најголемиот глобален пазар на Fever treeмерено според приходите, брендот успешно ја искористи својата водечка позиција во индустријата за да стане бренд број еден во категориите тоник и пиво со ѓумбир.

„Молсон корс“ планира дополнително да ја изгради позицијата на Fever tree во САД преку искористување на нејзините основни сили, комерцијален обем и експертиза во синџирот на снабдување за да ја прошири дистрибуцијата, да ја зголеми свеста за брендот и да создаде силна основа за долгорочен раст на овој пазар.

Како дел од партнерството и како одраз на долгорочниот фокус на „Молсон корс“,   компанијата се согласи да стекне 8,5% од акциите во „Фивер три дринкс“, што ја прави втор најголем акционер на компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: Business Wire



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...