Компанијата „Нестле“ објави дека во следните три години планира да инвестира 1 милијарда долари во своето работење во Мексико. Инвестицијата ќе вклучува зголемување на капацитетот на производните линии во фабриките во Мексико, во Веракруз, Гуанахуато и Керетаро.
Исто така, ќе го поддржи развојот на нов дистрибутивен центар, со цел да се консолидира Мексико како извозен центар, соопшти компанијата.
„Нестле“ - Мескико се етаблира како четврти најважен пазар за компанијата во светот, а исто така е втора највредна инвестиција во целата групација, што е доказ за посветеноста и довербата што ја имаме во Мексико. Новата инвестиција не само што ја зајакнува нашата стратегија за одржлив раст, туку ја потврдува и нашата посветеност да придонесеме за економскиот и социјалниот развој на регионот, изјави Стив Присли, извршен директор на „Нестле“ во Америка.
Дополнително, „Нестле“ - Мексико ќе продолжи да инвестира во развојот на земјоделскиот сектор преку своите програми за одговорно снабдување, како што се Nescafé plan и Nestlé Cacoa plan.
Компанијата проценува дека набавките на земјоделски производи ќе достигнат околу 2 милијарди долари меѓу 2025 и 2027 година, што ќе му овозможи на компанијата да ги поддржи локалните фармери.
Извор: FoodBev
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.