Свет

Канада: „Волмарт“ најави инвестиции вредни 6,5 милијарди долари

03 Feb 2025

„Волмарт“ за следните пет години најави инвестиции од 6,5 милијарди долари  и планира дополнително да го забрза растот во Канада. Компанијата ќе изгради десетици нови продавници низ целата земја, почнувајќи со петте нови суперцентри во Онтарио и Алберта кои треба да бидат изграедни до 2027 година.

Првиот суперцентар, „Порт кредит Волмарт“ , ќе биде отворен ова лето, додека вториот, во трговскиот центар „Хоупдејл“ во Оакхил, ќе биде отворен кон крајот на годинава.

Дополнително, компанијата планира да отвори дистрибутивен центар во Вон оваа пролет, кој ќе биде најнапредниот објект на компанијата во Канада.

Дополнително, три нови суперцентри во  Алберта се очекува да бидат отворени до 2027 година во градовите Калгари, Едмонтон и Форт Мекмареј.  

„Волмарт“- Канада  е на амбициозен пат за пораст да им служи на канаѓаните уште подобро и поинаку од кога било досега. Оваа инвестиција од 6,5 милијарди долари е најголемата што ја направивме во Канада за да го прошириме нашето работење од нашето доаѓање пред 30 години, изјави Гуи Лоуреиро, регионален извршен директор во „Волмарт“ за Канада, Чиле, Мексико и Централна Америка.

Заедно со планираните проширувања, малопродажниот синџир објави дека е партнер со „Канада картеџ“, најголемиот давател на услуги флотни услуги во земјата.

„Канада картеџ  има богато искуство во обезбедувањето услуги за флоти и им служи на канадските бизниси повеќе од 110 години. Преку оваа соработка уште подобро и пофлексибилно им служиме на нашите купувачи обезбедувајќи им на нашите вработени во транспортот можност за раст во една од најголемите и најугледните канадски компании за логистика, изјави  Мет Кели, потпретседател за логистика, „Волмарт“ - Канада.

 

 

 

 

 

 

Извор/Фото: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...