Купувачите во Германија сѐ уште многу внимаваат што ставаат во количката, а тоа важи и за храната, покажува новото истражување.
Во истражувањето нарачано од „Инса“ од страна на централното здружение на потрошувачи, 39 отсто од испитаниците изјавиле дека цената го ограничува нивниот избор на храна. Од друга страна, 60 отсто рекле дека не мора да бираат храна врз основа на цената.
Неприфатливо е здравата исхрана сѐ повеќе да станува прашање на паричникот на потрошувачите, велат од здружението.
Здружението предлага создавање на платформа за следење на цените низ синџирот на снабдување со храна, од производители до супермаркети. Според предлогот, сите учесници во синџирот треба да бидат обврзани да ги внесат своите цени. Таквата платформа, меѓу другото, ќе ги олесни споредбите на цените по целиот синџир.
Цените на храната во Германија одамна пораснаа побрзо од просечната стапка на инфлација - повеќе од 30 отсто меѓу 2020 и 2023 година. Меѓутоа, во декември потрошувачите плаќаа два отсто повеќе за храна отколку 12 месеци порано, додека вкупната стапка на инфлација беше 2,6 отсто.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.