Свет

„Алди“ ги зголемува платите на вработените во своите продавниците низ Велика Британија

23 Jan 2025

„Алди“ ќе ги зголеми саатниците за работниците во своите продавници за најмалку 12,71 фунти, задржувајќи ја позицијата на трговски синџир со најдобри плати во Велика Британија.

 Новата минимална плата која ќе стапи на сила на 1 март, која ќе биде 14,00 фунти на час во зоната М25, ја надминува реалната плата за живеење која минатата година беше  утврдена од фондацијата „Ливиг Вејџ“.

Платите за час за работниците во продавниците дополнително ќе се зголемат на 13,62 фунти на национално ниво и 14,23 фунти во зоната М25, во зависност од стажот.

Од компанијата нагласуваат дека „Алди“ е сè уште единствениот дисконтер во Обединетото Кралство што нуди платени паузи, што на работниците им носи дополнителни 1.370 фунти годишно.

Нашите вработени се најдобри во она што го работат, а ова последно зголемување на платите ја одразува нашата континуирана посветеност да се осигураме дека тие ќе останат најдобро платени. Секој вработен во „Алди“ апсолутно игра клучна улога во исполнувањето на нашето ветување дека ќе донесеме неспоредливи цени до што е можно повеќе купувачи низ Обединетото Кралство, изјави Џилс Харли   Hurley, извршен директор на „Алди“ за Обединетото Кралство и Ирска.

Веста за зголемувањето на платата откако агенцијата „Вич“ го прогласи „Алди“ за најевтиниот супермаркет во Велика Британија за секој месец минатата година, како и за најевтиниот супермаркет во земјата во последните четири години.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...