Свет

Германија: Економијата останува во стагнација

23 Jan 2025

Во јануарскиот извештај германската Централна банка се наведува дека во првите месеци од годинава германската економија ќе стагнира.

Економијата веројатно нема да излезе од долг период на стагнација во првиот квартал на 2025 година, се вели во извештајот на германската централна банка.

Според прелиминарните податоци на националниот завод за статистика, Германија ја заврши 2024 година со рецесија од 0,2 отсто. Ова е втора година по ред на пад на бруто домашниот производ.

Според „Бундесбанк“, економијата остана слаба во последниот квартал. БДП падна за 0,1 отсто во последниот квартал во однос на претходниот.

Посебно е лошо во индустријата е што продолжи да тоне, без доволно работа и интерес од странство. Сепак, се чини дека побарувачката се стабилизираше во последните месеци, додаде банката.

Домашната потрошувачка, еден од столбовите на германската економија, требаше да се опорави по порастот на инфлацијата со растот на платите, но домаќинствата остануваат воздржани во трошењето и склони кон штедење.

Според тоа, потрошувачката се зголемила само малку, посочуваат од Бундесбанката.

Тоа веројатно е предизвикано од новото забрзување на инфлацијата во декември, на годишна стапка од 2,6 отсто

 

 

 

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...