Свет

„Марс“ и „Австралија опен“ ја претставија продавницата М&M'S pop up

23 Jan 2025

Отвореното тениско првенство на Австралија и М&M'S Австралија како дел од повеќегодинешното партнерство во Мелбурн ја претставија продавницата М&M pop up.

Осмата продавница на М&M'S во светот и прва во јужната хемисфера е дизајнирана по примерот на продавницата во Њујорк, Лондон, Лас Вегас и на другите постоечни продавници на брендот, соопштуваат од компанијата.

Возбудени сме што можеме да го објавиме нашето партнерство со Австралија опен, соработка која ќе ни овозможи да го зацврстиме брендот M&M’S како културен лидер и да ги доближиме навивачите на турнирите до прекрасниот свет на M&M’S. Возбудени сме што ќе го оживееме колоритното и забавно искуство на M&M преку интерактивни искуства во првата продавница на M&M во Австралија, започнувајќи голема година за нашиот бренд. Ова е прв пат да направиме нешто од ваков обем во Австралија и возбудени сме што ќе ја споделиме оваа авантура со навивачите на Австралија опен, изјави Мишел Газола, директор на портфолио на „Марс Вригли“.

Австралија Опен е совршена локација за првата продавница на М&М на јужната хемисфера. Знаеме дека „Поп ап“ на Гарден Сквер ќе биде една од најпопуларните дестинации за време на Австралија Опен во 2025 година, каде што навивачите ќе можат да го искусат забавниот свет на М&М'S. M&M's е препознаен како забавен и многу сакан бренд, што го прави совршен за Австралија Опен, изјави Седрик Корнелис, главен комерцијален директор на „Тенис Австралија“.

Како официјален кондиторски партнер на турнирот, брендот на посетителите на турнирот ќе им понуди екслузивни производи М&M’S, што ќе им овозможи на фановите на брендот сами да изберат кои бонбони ги сакаат, а ќе можат да изберат и од новите бои на М&M’S, розева и сина,  создадени специјално за турнирот.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Марс Виргли“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...