Свет

Полска: „Биедронка“ одбележа 30 години од своето работење

23 Jan 2025

Полскиот трговски синџир „Биедронка“ кој работи во рамките на португалската групација „Џеронимо Мартинс“, слави 30 години од своето работење.

Компанијата  ќе воведе „трајно“ намалување на редовните цени за 30 од нејзините најпопуларни производи. Новите, пониски цени опфаќаат широк спектар на производи - од прехранбени производи до козметика и средства за домаќинство.

Исто така, компанијата во текот на целата година ќе презентира различни промоции и дополнителни попусти, како и специјални поволности и подароци за корисниците на апликацијата за лојалност на „Биедронка“.

Главниот приоритет на „Биедронка“ е да понуди производи со најдобар квалитет по најниски цени. Во годината на нашиот 30 годишен јубилеј, оваа стратегија ја спроведуваме со особено внимание. Воведувањето на редовни попусти на 30 производи претставува конкретен одговор на очекувањата на нашите купувачи, кои јасно ги изразуваат своите потреби - сакаат да купуваат по најниски можни цени. Потврда за нашата ефикасност во спроведувањето на оваа стратегија се, меѓу другото, резултатите од независните истражувања на потрошувачката кошница, каде што редовно ја заземаме позицијата на најевтин трговски синџир, изјави Павел Столецки, директор на оперативата и член на Одборот на директори на „Биедронка“.   

Ова е посебен момент за нас, бидејќи, пред сè, ги славиме нашите купувачите  тие се нашата секојдневна инспирација и мотивација. Имајќи ги на ум, 30 години главен приоритет на „Биедронка“ е да понуди производи со најдобар квалитет по најниски цени. Во годината на прославување на 30-годишнината од нашиот трговски синџир, секој ден ќе докажуваме дека сме лидери по нискицени, изјави Дорота Вротек-Гут, маркетинг директор на „Биедронка.“

Трговскиот синџир „Биедронка“ е основан во 1995 година и денес има повеќе од 3.500 продавници низ Полска. Компанијата оствари нето-раст на продажбата од 1,1% до 6,1 милијарди евра во четвртиот квартал од 2024 година, додека  на годишна основа забележа пад од 0,3% на 23,5 милијарди евра.

Како што беше најавени минатато лето, во следниот период се очекува полскиот трговски синџир  да влезе и на словачкиот пазар.

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Биедронка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...