Свет

„Касаласко“ ги презема од „Унилевер“ сосовите Knorr

17 Jan 2025

„Унилевер“ ги соопшти плановите за продажба на сосовите за тестенини на брендот Knorr на италијанскиот производител на храна „Касаласко“.

 Knorr е германски бренд основан 1838 година. Од 2000 година, кога „Унилевер“ го купу „Бест фудс“, е во сопственост на британската компанија.

„Касаласко“ е познат по брендовите Pomi, Pomito и De Rica и е специјализиран за производи од домат, а во 2023 година оствари промет од 630 милиони евра.

 Како што пренесува порталот „Ритејлдетал“, „Касаласко“ ќе ја преземе линијата на Knorr, Tomato al Gusto i Speciale al Gusto. Во период од 12 месеци, „Унилевер“  и натаму ќе може да произведува сосови и да ја користи марката Knorr, после што производството ќе го преземе италијанската компанија.

За дистрибуцијата во Германија, компанијата ќе соработува со „Хенгстенберг“, лидер на пазарот во сегментот за производи од домат, познат по брендот  Oro di Parma.

 

 

Извор: RetailDetail

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...