Свет

„Моноприкс“ влегува на египетскиот пазар

14 Jan 2025

Француската компанијата „Моноприкс“ најави влез на египетскиот пазар во соработка со локалниот франшизен партнер „ТМТ фор фуд енд бевериџис“. 

Компанијата која е дел од групацијата „Касино“ наведува дека Египет има висок потенцијал за раст кој е поттикнат од зголемената урбанизација и побарувачката на иновативни услуги.

„ТМТ фор фуд енд бевериџис“ е водечки трговец во Египет со над 180 „Циркле К“ проданици низ земјата и со 7.500 вработени.     

Среќни сме што можеме да им овозможиме на Египќаните да го откријат нашиот бренд. Преку ова партнерство, сакаме да ја донесеме нашата визија за локална трговија во Египет, нудејќи услугi што ги задоволуваat и очекувањата на жителите и стандардите за квалитет врз кои е изградена нашата репутација, изјави Алфред Хававини, извршен директор на „Моноприкс“.

Водени од страста за квалитет и посветеноста на задоволството на купувачите, „TMT“ е посветена на испорачување на совршеност во сите аспекти на работењето. Затоа, сосема е природно што решивме да соработуваме со лидерот во француската малопродажба. Ова партнерство е дел од развојниот пристап, со директно влијание врз локалната економија: создавање нови работни места, поддршка на египетските добавувачи и модернизирање на локалната трговија, изјави Махмуд Монир Солиман, основач на „TMT.“

Отворањето на првите продавници во Египет е планирано во текот на годинава, а според планот годишно ќе се отвораат од 15 до 20 продавници, во кои потрошувачите ќе може да најдат прехранбени производи, локални специјалитети, како и голем број на непрехранбени производи.

   

 

Извор/Фото: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...