Свет

Велика Британија: „Дијаџио“ ја затвора дестилеријата за брендот Chase

10 Jan 2025

Компанијата „Дијаџио“ најави затворање на својата дестилерија за брендот Chase во Херефордшир и преместување на производството на своите брендови за џин и вотка во Шкотска.

Овој потег, кој им беше најавен на вработените во дестилеријата минатиот јуни и сега е реализиран и смислен за да ја „обезбеди иднината на брендот, велат од компанијата.

Откако го купивме Chase во 2021 година, видовме значителни промени во категориите вотка и џин. За иднината на Chase донесовме одлука да го промениме производството, да го ревитализираме пакувањето и да го трансформираме снабдувањето за да ја зголемиме ефикасноста на дестилеријата и да обезбедиме можност за раст на брендот, соопшти компанијата.

Според „Гроусер“, производството е преместено во дестилеријата Камеронбриџ во Фајф, а планот е да се затвори дестилеријата до крајот на јуни 2025 година.

Во последниот квартал од тековната финансиска година, директорите ја  започнаа програмата за редизајн на брендот Chase врз основа на одлука на групацијата „Дијаџио“. Оваа програма ќе резултира со трансфер на сите производствени активности на „Дијаџио Скотланд лимитед“, сопственик на брендот Chase. Тестирањето на производството е веќе започнато, а планираните промени им се соопштени на вработените, изјави Џејмс Едмундс, директор на  дестилеријата на Chase.

 

 

Извор: The Grocer

Фото: „Дијаџио“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...