Трговскиот синџир „Меркадона“ најави зголемување на платите од 8,5% за над 100.000 од своите вработени во Шпанија и Португалија.
Од компанијата соопштуваат дека процентот на зголемување е збир од индексите на потрошувачите цени и бонусите за секоја држава.
Со ова зголемување, вработените во продавниците на „Меркадона“ во Шпанија и Португалија ќе добиваат месечна бруго плата од 1.685 евра во текот на првата година од работењето, што е за 27% повеќе од шпанската минимална интерпрофесионална плата (salario mínimo interprofesional) и 2.280 евра бруто месечна плата по поминување на четири години од работата во компанијата , што е за 72% повеќе.
Компанијата исто така одлучи да додели дополнителен бонус за вработените, како и традиционален бонус заснован на остварен учинок.
Овој бонус за вработените кои работат една година во компанијата изнесува една плата, додека по четири години се зголемува за двојно поголема месечна плата, а оваа година компанијата ќе им додели на сите вработени, без разлика на должината на работниот однос во компанијата, дополнителен бонус во вредност од една месечна плата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Меркадона“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.