Свет

Велика Британија: „Теско“ донираше над 1 милион оброци на хуманитарните организации

26 Dec 2024

Компанијата „Теско“ со помош на потрошувачите успеа да собере и да донира 1,8 милиони оброци на организациите „Фершер“ и „Трусел траст“.

Потрошувачите во периодот од 25 до 30 ноември можеа да донираат производи во сите поголеми продавници „Експрес“ низ Велика Британија.

Покрај донираните оброци, во пресрет на празниците компанијата донираше и 500.000 фунти за да им помогне на овие организации. Исто така, потрошувачите имаа можност преку направените сметки да им донираат на организациите, па така биле собрани дополнителни 340.000 фунти.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои донираа производи. Вашата великодушност секогаш е неверојатна и навистина ни помага да направиме големо влијание во заедниците низ Обединетото Кралство кое ги поддржува „Трусел“ и „Фаршер“, изјави Кен Марфи, извршен директор на „Теско“.

 Веќе неколку години „Теско“ соработува со овие организации, па така потрошувачите во продавниците на компаниите низ годиниве донираа над 39 милиони оброци.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Теско“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...