„Тајсон фудс“ ги објави плановите за трајно затворање на фабриката за преработка на говедско и свинско месо во Канзас.
Според писмото што компанијата го испрати до Одделот за трговија во Канзас, „Тајсон фудс“ ќе ја затвори фабриката во средината на февруари 2025 година, оставајќи 804 вработени без работа.
Од компанијата наведуваат дека затворањето е дел од стратегијата за зголемување на ефикасноста на бизнисот.
После внимателна анализа, донесовме тешка одлука да ја затвориме нашата фабрика за преработка на говедско и свинско месо во Канзас со цел да ја зголемиме ефикасноста на нашето работење. Ги разбираме последиците од оваа одлука за нашите вработени и локалната заедница. Грижата за нашите вработени е наш врвен приоритет и ги охрабруваме да аплицираат за други отворени позиции во компанијата. Ние, исто така, тесно соработуваме со државните и локалните власти за да обезбедиме дополнителни ресурси за оние кои се погодени од оваа одлука, изјави портпаролот на „Тајсон фудс“.
Ова е последното во низата затворања или продажби на делови на компанијата. Во текот на изминатите две години, компанијата остана без 10 фабрики и ги продаде своите деловни операции во Кина.
Најголемата деловна единица на компанијата, говедското месо, пријави загуба од 291 милион долари во фискалната 2024 година, во споредба со добивката од 233 милиони долари, а компанијата очекува загуби и во 2025 година.
Извор: FoodBev
Фото: „Тајсон фудс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.