„Алди“ најави дека ќе го прошири асортиманот на вегански производи од својата приватна трговска марка Plant menu во пресрет на „веге јануари“.
Во асортиманот на Plant Menu се вклучени над 60 производи како што се болоњезе паста со печурки, вегански печива, вегански виршли во тесто, како и кроасани и вегански лосос.
Веге јануари е предизвик кој е прифатен од луѓето низ светот а целта е во текот на јануари да се консумира веганска храна.
Истражувањето на организацијата „Вегануари“ покажало дека во пресрет на минатиот веге јануари, компаниите лансирале над 2.100 нови производи.
Извор: InStore.rs
Фото: „Алди“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.