„Албертсонс“ и „Крогер“ ја прекинаа постапката за спојување вредна 25 милијарди долари, откако Окружниот суд во Орегон и Врховниот суд во Вашингтон го блокираа договорот.
Во октомври 2022 година, компаниите ја објавија веста за спојувањето, што вклучуваше продажба на избрани продавници, банери, дистрибутивни центри, канцеларии и брендови на приватни трговки марки на на „К&С Холсејлс гроусерс“ со цел да добијат регулаторно одобрение, за кое сѐ уште чекаат.
Федералната трговска комисија, потоа, во тринеделното судење во Портланд, Орегон, во февруари тврдеше дека спојувањето ќе ја елиминира директната конкуренција, што ќе доведе до повисоки цени за купувачите и намалена преговарачка моќ за синдикалните работници.
Во април оваа година, трговскиот синџир го измени договорот за продажба на имотот на „К&С Холсејлс гроусерс“ за да вклучи дополнителни 166 продавници. Така, компанијата мораше да им плати на трговците околу 2,9 милијарди долари наспроти претходно договорените 1,9 милијарди долари.
Сепак, Окружниот суд на САД во Орегон и Врховниот суд на округот Кинг во Вашингтон го блокираа договорот во средата, на 11 декември, поради што „Албертсонс“ поднесе тужба против својот ривал.
Според соопштението на компанијата, „Крогер“ одби да ги продаде потребните средства и постојано ја игнорираше загриженоста на регулаторите, што доведе до блокирање на спојувањето со „Албертсонс“.
Успешното спојување помеѓу „Албертсонс“ и „Крогер“ ќе донесеше значителни придобивки за американските потрошувачи, корпоративните партнери и заедниците низ целата земја. Наместо да ги исполни своите договорни обврски за да обезбеди успешно спојување, „Крогер“ дејствуваше во свој финансиски личен интерес, постојано давајќи недоволни предлози за продажба, игнорирајќи ги грижите на регулаторите. Себичното однесување на „Крогер“ им наштети на акционерите, соработниците и потрошувачите на „Албертсонс“, изјави Том Мориарти, генерален советник во „Албертсонс.“
„Крогер“ ги негира овие наводи, наведувајќи дека „Албертсонс“ извршил намерни материјални прекршувања во неколку наврати, како и дека трговскиот синџир се мешал во текот на процесот на спојување.
Како дел од тужбата, „Албертсонс“ бара отштета од една милијарди долари од „Крогер“. Неуспешното спојување му дава право на „Албертсонс“ надомест од 600 милиони долари компензација и му овозможува на трговецот на мало да продолжи со други стратешки можности.
Извор: InStore.rs
Фото: „Албертсонс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.