Компанијата „Алберт Хеин“ освои награди за приватна трговска марка на годината како дел од церемонијата на доделување на наградите за „Избрани производи на годината“ во Холандија.
Компанијата свои награди за 14 производи, меѓу кои и влажни марамчиња, органски пене тестенини, кола сок, хумус и протеински јогурт од јагоди.
Покрај тоа, блендерот и ерфраерот од асортиманот на трговецот на мало „Блу хом“ исто така ја освоија наградата за „Избрани производи на годината.“
Многу сме горди што освоивме толку многу награди. Со нашата палета на приватни трговски марки, им олеснуваме на купувачите да најдат достапни и здрави производи, изјави Константин Нинк Блок, директор за продажба во „Алберт Хеин“.
Освен овие награди, приватната етикета на трговецот AH Terra Chicken Masala Pie неодамна ја освои и наградата за најдобар вегански производ на Vegan Awards.
Компанијата беше наградена и за својата палета на здрава храна на наградите „Хелти иновејшн“, каде што потрошувачите ги прогласија намазите AH Terra за најдобар вегански производ.
Извор: InStore.rs
Фото: „Алберт Хеин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.