Институтот за светска економија (ИФВ) соопшти дека и во следната година веројатно е германскиот економски раст да стагнира.
Се предвидува бдп годинава да се намали за 0,2 отсто и во 2025 година да биде во мирување.
Германската економија се бори со намалување на конкурентноста преку бавниот вкупen економски учинок, што едвај овозможува било какви импулси за закрепнување, изјави Стефан Кутс, истражувач од ИФВ.
Од институтот велат дека растечката криза на германската економија, заедно со очекуваните царини по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, се главната причина за промена на прогнозите.
Во извештајот се наведува дека рецесијата сега се одрази и на пазарот на трудот, при што стапката на невработеност веројатно ќе порасне на 6,3 отсто, после стапката од шест отсто во оваа година.
Сепак, економистите велат дека по изборите во февруари новата германска влада може да донесе поголема стабилност во економијата.
Периодот на голема економска и политичка неизвесност може да се скрати за повеќе од половина година, се вели во соопштението.
Изборите треба да се одржат на 23 февруари, седум месеци пред предвиденото, поради распадот на владејачката коалиција во ноември.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.