„Монделез интернешнл“ го објави назначувањето на Волкер Кун за извршен потпретседател и претседател на компанијата за Европа. Оваа одлука ќе стапи на сила на 1 април 2025 година, а Кун ќе поднесе извештај директно до претседателот на Одборот на директори и извршен директор на компанијата, Дирк Ван де Пут.
Волкер Кун ќе го замени Винс Грубер, кој најави дека се пензионира од компанијата, исто така од 1 април 2025 година. Кун ќе се приклучи на компанијата на 6 јануари 2025 година и ќе работи со Грубер за да обезбеди непречена транзиција.
Кун ѝ се придружи на „Монделез интернационал“ од секторот за хигиенски производи на „Рекит“, најголемата глобална единица на компанијата, каде што постигна забрзување на перформансите преку иновации, фокусирање на потрошувачите и развој на категории. Пред тоа, тој беше на позицијата главен директор за трансформација во „Рекит“.
Пред „Рекит“, Кун помина 26 години во „Проктер & Гембл“, каде што водеше неколку клучни иницијативи за забрзување на порастот, промените и трансформацијата на бизнисот во Европа, Северна Америка, Блискиот Исток и Африка. Неговите достигнувања вклучуваат успешен спин-оф и продажба на Duracell од „Проктер & Гембл“ на „Беркшир хетвеј“.
Со задоволство му посакуваме добредојде на Волкер Кун во семејство на „Монделез интернешнл. Неговото големо меѓународно искуство во FMCG- индустријата, заедно со докажаното искуство и лидерското влијание, го позиционираат добро за да го забрза порастот во нашиот европски регион, истовремено зајакнувајќи ја лојалноста на потрошувачите кон нашите брендови, рече Дирк Ван де Пут.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.