Во пресрет на празниците „Волмарт“ лансира четири нови виртуелни продавници во рамките на својата платформа „Волмарт реалм“.
Од компанијата соопштуваат дека секоја од продавниците има посебна „тема“ која е инспирирана од трендовите на социјалните мрежи „Пинтерест“ и „ТикТок“, како што се „празничната колиба“ и „најслаткиот подарок“.
Секој виртуелен простор содржи изложени артикли како и содржина која ја е подготвена од познати американски инфлуенсери. Потрошувачите ќе имаат можност со кликање на изложените артикли да пробаат како производот би изгледал во нивниот дом.
Дополнително на тоа, компанијата ја претстави и „листата на желби“ која на купувачите им овозможува да креираат своја листа на желби и да ги споделат со своите семејства и пријатели.
„Волмарт“ реалм“ беше покрената годинава и содржи три различни простори, покрај тоа компанијата во текот на летото претстави и нови продавници во кој беше вклучена и продавницата инспирирана од враќањето во училишните клупи.
Извор: „Ритејл дајв“
Фото: „Волмарт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.