„Волмарт“ ги објави за третиот квартал резултатите од остварената нето-продажба во своите продавници, ( не вклучувајќи го горивото), која што бележи зголемување за 5,3% на 114,9 милијарди долари.
„Самс клуб“ бележи раст од 7% во нето-продажбите на 22,9 милијарди долари, додека на меѓународните пазари компанијата постигна 12,4% зголемување на нето-продажбите на 30,3 милијарди долари.
Консолидираните приходи на компанијата во третиот квартал достигнаа 169,6 милијарди долари, што претставува зголемување од 5,5% на годишно ниво, додека нејзината консолидирана бруто-маржа се зголеми за 21 базична поен на 24,2%.
Кога станува збор за е-трговијата, трговецот на мало во САД во овој период забележа раст од 22%, додека на меѓународните пазари бележи раст од 43%.
Зад нас имаме силен квартал во кој продолживме со нашиот залет. Нашите соработници работат напорно за да заштедат време и пари на луѓето и да го трансформираат нашиот бизнис. Продолжуваме да растеме на сите пазари, изјави Даг МекМилон, претседател и извршен директор на „Волмарт“.
Компанијата ги зголеми насоките за 2025 година и сега очекува раст на нето продажбата во опсег од 4,8% до 5,1%, во споредба со претходните насоки за раст од 3-4%.
Извор/Фото: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.