Свет

Германија: Купувачите воздржани во пресрет на Black Friday

21 Nov 2024

Според националното здружение на трговците „ХДЕ“, многумина во Германија повторно имаат намера да ги искористат акциите за Black Friday, но не планираат да потрошат повеќе од претходната година.

Во малопродажбата за Black Friday и за  Cyber ​​Monday се очекува обрт од 5,9 милијарди евра, со дополнителен пад на интересот на купувачите.

Додека трговците ги тријат рацете во пресрет на Black Friday и очекуваат на пораст на продажбата за 20 отсто, минатата година забележаа само шест отсто повеќе пораст од очекуваното.

Слична е прогнозата пред 29 ноември, наведуваат од „ХДЕ“, повикувајќи се на анкетата од 1.100 граѓани постари од 20 години.

Всушност, 46% од испитаниците имаат намера да ги следат попустите, што е за три проценти помалку од 2023 година.

Високиот почетен тренд од претходните години попушти и оваа година ќе стагнира на високо ниво, изјави Стефан Тромп, директор на „ХДЕ“.

Како што е вообичаено, речиси сите трговци во малопродажбата за овие празници нудат попусти во својот асортиман.

Минатите години беше утврден тренд на повеќенделни попусти за Black Friday и тој период на трговците покрај четирите декемвриски недели до Божик им стана многу важен.

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...