Свет

„Дијаџио“ ги засилува производните капацитети во Индонезија

13 Nov 2024

„Дијаџио“ соопшти дека ќе ја проширува својата фабрика во Табанан, Бали, која ќе стане дистрибутивен центар за регионот на Југоисточна Азија.

Откако во 2014 година ја отвори фабриката во Индонезија, „Дијаџио“ произведува неколку брендови за локалниот пазар. Во декември 2021 година започна со извоз на брендовите  Smirnoff и Captain Morgan произведени во Табанан на Тајланд во Филипини, Источен Тимор, Сингапур и Малезија.

Проширувањето на фабриката за 8.000 квадратни метри има за цел да го зголеми придонесот на азиско – пацифичкиот регион во глобалната продажба на компанијата. Продажбата во овој регион во моментов е 19% од вкупната продажба на производителот

Ова ширење е клучно за широката регионална стратегија со која сакаме подобро да им служиме на купувачите и потрошувачите низ Азија и Пацификот и да придонесеме во глобалните амбиции на „Дијаџио“, изјави Џон О’Киф, претседател и извршен директор на „Дијаџио“ за Азија и Пацификот.

Согласно со целите за одржливост на компанијата „Сосајети 2030: Спирит од прогрес“, објектот ќе користи 95% помалку енергија во однос на традиционалното производство.

Проширувањето на производните капацитете се очекува да биде завршено во следните 18 месеци.

 

Извор: FoodBev

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...