Уделот на вработените на возраст од 20 до 64 години со скратено работно време минатата година во ЕУ изнесува 17%, што е благ пораст од 16,9% колку што изнесуваше во последните две години.
Гледајќи наназад, во последните 10 години уделот на вработените со скратено работни време бележи бавен, но стабилен тренд на намалување. Во 2014 и 2015 изнесувал 19,1 отсто, наведува „Евростат“.
Уделот на вработените со скратено работно време кај мажите остана стабилен на околу осум проценти во овој период, но кај жените учеството се намали за 3,9 процентни поени (п.п.) од 31,8 проценти во 2014 година на 27,9 проценти во 2023 година.
Во 2023 година, околу една третина (31,8 проценти) од вработените жени на возраст од 25-54 години со деца во ЕУ биле ангажирани на скратено работно време, за разлика од 20 проценти од вработените жени без деца. Спротивно на тоа, кај мажите, само пет проценти од оние со деца работеле со скратено работно време во споредба со оние без деца (7,3 проценти).
Најголем јаз меѓу жените и мажите кои имаат деца е регистриран во Австрија, разлика од 61,2 п.п. (69,2 проценти до осум проценти). Следуваат Германија и Холандија со разлика од 57,2 п.п. и 54,8 п.п. Овие три земји на ЕУ имаат и најголем процент на жени со деца кои работат со скратено работно време.
Романија е единствената земја од ЕУ каде што уделот на мажи со и без деца кои работат со скратено работно време е поголем од уделот на жените: 2,9 отсто и 3,5 отсто за мажи со и без деца наспроти 2,4 отсто и 2,7 отсто за жени со и без деца. .
Податоците покажуваат дека уделот на вработени жени со деца кои работат со скратено работно време го надмина уделот на жени без деца во сите земји на ЕУ, освен Данска, Финска, Латвија, Грција и Романија.
Извор:biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.