Свет

САД: „Молсон корс“ го презема брендот Zoa Energy

12 Nov 2024

Компанијата „Молсон корс“ бевериџ компани“ ги соопшти плановите за преземање на мнозинскиот удел во брендот Zoa Energy, кој е основан од актерот Двејн Џонсон, продуцентката Дани Гарсија, фитнес тренерот Дејв Реинзи и кошаркарскиот тренер Џон Шулман.

Со преземањето на мнозинскиот удел, „Молсон корс“ ќе го преземе и водењето на целокупниот маркетинг, малопродажбата и развојот на брендот.

 Веста за преземањето доаѓа по неодамнешното претставување на новиот визуелен идентитет и пакување, како и првата национална кампања  во која главната улога ја има Двејн Џонсон.

Компанијата посочува дека оваа аквизиција го истакнува верувањето на „Молсон Корс“ во потенцијалот на брендот Zoa Energy, што дополнително го потврдуваат податоците за купувањето на брендот, кои покажуваат дека 50% од купувачите повторно купуваат еден од производите на брендот.

Градиме победничко портфолио кое на потрошувачите им нуди избор во широк спектар на можности, а безалкохолниот сегмент е клучен дел од таа стратегија. Zoa ни ја отвора вратата да учествуваме во повеќе делови и да се прошириме надвор од нашата основна дејност. Работевме со Zoa во изминатите три години и веруваме дека дојде моментот овој бренд да ја постигне својата следна фаза на раст и обем, изјави Мишел Ст. Жак, главен комерцијална директорка на „Молсон корс.“

Брендот Zoa Energy e основан во 2021 година, а набрзо „Молсон корс“ стана партнер на брендот и после тоа во септември годинава презеде удел во брендот и се приклучи во Одборот на директори.

 

 

Извор: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...