Производителот на млечни производи „Лакталис“ најави инвестиција од 55 милиони долари во зголемување на производстовото на фета сирењето President во САД.
Како дел од оваа инвестиција, компанијата ќе изгради нов производствен погон во Тулареј, кој воедно ќе биде и најголем погон за производство на фета сирење во САД ( околу 3.500 квадратни метри).
Со инвестирање во нови работни места и проширување на производстово ја поддржуваме нашата заедница и покажуваме дека долгорочната цел на „Лакталис“ е постигнување на деловен успех во САД. Ова проширување ќе ни помогне да ја задоволиме сѐ поголемата побарувачка за фета сирењето President во САД, што е добра вест за нашите купувачи кои и понатаму го избирааат President во своите кујни и создаваат нови можности за уживање во фета сирењето, изјави Естеве Торенс, главен извршен директор на „Лакталис“ – САД.
Завршувањето на изградбата на погонот се очекуваа да биде во 2027 година, а проектот ќе отвори 20 нови постојани и 100 привремени работни места.
Извор: Instore.hr
Фото: „Лакталис“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.