Во пресрет на Божик, компанијата „Кока Кола“ како дел од традиционалната турнеја на камионот на Coca Cola, во соработка со организацијата „Фаршер“, ќе донира еден милион оброци за најзагорозените.
„Фершер“ е најголемата организација која се бори против гладот и фрлањето на храна во Велика Британија. Организацијата донира оброци преку мрежата од 8.000 членови, меѓу кои се и камповите за бегалци, Домовите за деца и стари лица и на други установи.
Coca‑Cola и понатаму останува синоним за Божик и многумина ја очекуваат божиќната турнеја на камионот Coca Cola за да ја почуствуваат магијата на Божик. Годинава сме воодушевени што продолжуваме со соработката со „Фершер“ за да ја поддржиме нивната мисија. Секој што ќе го посети Coca Cola каминот ќе ја поддржи и „Фершер“, изјави Флоренс Веатлеј, маркетинг менаџер во „Кока Кола“ Велика Британија.
За секој посетител на камионот на Coca Cola, компанијата ќе донира еден оброк на организациајта „Фершер“, а во целата кампања се очекува да бидат донирани и до еден милион оброци.
Покрај оваа хуманитарна нота, посетителите како и секоја година ќе имаат можност да учествуваат во различни игри, да пробаат различни видови на храна и да освојат награди, меѓу кои и ексклузивни Coca Cola производи.
Извор: InStore.rs
Фото: „Кола Кола“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.