Свет

Унгарија: „Шпар“ продолжува со иницијативите за одржливост

05 Nov 2024

Како дел од својата стратегија за одржливост, „Шпар“ лансира кеси за купување кои се направие од пластичната фолија собрана во продавниците на „Шпар“ и „Интершпар“.

Имено, компанијата ја испраќа пластиката собрана од продавниците на рециклирање до својата партнерска компанија „Папиер – Метер“, која го претвора овој материјал во гранули и потоа од нив произведува кеси за купување, каде што уделот на рециклиран материјал во овие кеси често надминува 85%.

Пилот проектот беше лансиран минатата есен, а врз основа на добрите резултати, „Шпар“ одлучи да го прошири овој проект во сите продавници во Унгарија, како и од следната година да воведе големи торби за пазарење од истиот материјал.

Според компанијата, планот е да се рециклира вкупно 150 тони пластичен филм годишно, што ќе му помогне на трговецот на мало да ги намали емисиите на CO2 во своето работење.

 Минатата година компанијата лансираше и апликација за спречување на фрлање храна, која на потрошувачите им нуди по поевтини цени да купуваат производи како овошје и зеленчук кои се пред рокот.

Според компанијата, планот е да се рециклира вкупно 150 тони пластичен филм годишно, што ќе му помогне на компанијата да ги намали емисиите на CO2 во своето работење.

Минатата година компанијата и апликација за спречување на фрлање храна, која на потрошувачите им нуди по поевтини цени да купуваат производи како овошје и зеленчук кои се пред рокот.

 Од 2021 година компанија во осумдесет продавници низ државата постави контејнери за одлагање на искористеното масло за јадење и маст. Граѓаните во оваа акција досега одложиле над 80 тони од масло и маст.

 

Извор/Фото: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...