„Кампбел соуп компани“ соопшти дека од министерството за земјоделство на САД им биле доделени субвенции во износ од 3,4 милиони евра.
Овие субвенции компанијата ќе ги искористи за намалување на емисиите на штетни гасови на фармите со домати, подобрување на почвата, ефикасно управување со водите како и зајакнување на профитабилноста и отпорноста на фармите.
Бидејќи земјоделците се соочуваат со зголемени предизвици од климатските промени, важно е да поддржиме понатамошно усвојување на климатски паметни земјоделски практики кои го подобруваат составот на почвата и ја зголемуваат отпорноста. Благодарни сме за поддршката на Одделот за земјоделство и со нетрпение очекуваме да работиме со нашите партнери и одгледувачи на овој важен проект, изјави Стјуарт Линдзи, директор за одржливост во „Кампбел соуп компани“.
Како дел од проектот, компанијата ќе соработува со Службата за зачувување на природните ресурси (НРЦС),„Американ фармленд траст“ неколку оддели за заштита.
Ова е само еден од чекорите што ги презеде компанијата за да ја поттикне употребата на одржливи земјоделски практики, особено кај одгледувачите на домати со кои работи. Со текот на годините, компанијата им помагаше на одгледувачите да имплементираат практики кои помогнаа да се намалат ѓубривата, употребата на вода и емисиите.
Покрај тоа, компанијата неодамна лансираше фонд, обезбедувајќи грантови за да помогне во спроведувањето и зголемувањето на практиките насочени кон подобрување на почвата.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.