Свет

Велика Британија: „Лидл“ планира да отвори десет продавници пред Божиќ

29 Oct 2024

„Лидл“ продолжува со своите планови за ширење низ Велика Британија, преку договор за продажба и закуп вреден 70 милиони фунти и планира до Божиќ да отвори десет нови продавници.

Договорот за продажба и закуп, кој е заедничко  помеѓу „Роадсајд риал естетј“ и „Маедоу партнерс“, вклучува 12 нови продавници на локации како што се Кредитон, Манчестер и Сафон Валден.  .

Нашиот договор за продажба и поврат на закуп е само најнов пример за тоа како продолжуваме да се шириме низ целата земја, обезбедувајќи уште повеќе домаќинства да имаат корист од продавнициците на „Лидл“, изјави Ричард Тејлор, главен директор за развој на „Лидл“ – Велика Британија.

Во меѓувреме, новите 10 продавници на компанијата кои треба да се отворат пред Божиќ во Бервик Грин во Бристол, Бови Трејси во Девон и Стирчли во Бирмингем, ќе создадат околу 400 работни места.

Само во Лондон, компанијата отвора три нови продавници во Хокстон, Форест Гејт и Катерхам. Покрај новите локации, „Лидл“ повторно ќе отвори три постоечки продавници кои беа дислоцирани или реновирани.

Тоа следи по неодамнешното отворање во Вортинг на крајот на летото, проследено со нова продавница на Фулам во септември.

Нашиот план да отвориме 10 нови продавници пред Божиќ ја покажува нашата континуирана посветеност да им обезбедиме на повеќе заедници низ земјата пристап до прифатлива, квалитетна храна, како и можности за вработување. Но, ние сè уште имаме големи амбиции за нашите планови за проширување и во иднина да  отвориме уште стотици продавници на „Лидл“, изјави Тејлор и додаде дека тимовите на компанијата постојано бараат нови локации низ земјата.

Извор: Grocerygazette.uk

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...