Компанијата „Пени“ – Италија која е дел од „Реве група“, лансира нова приватна трговска марка наменета за лицата над 50 години.
Новиот асортиман е резултат на осумнаесет месечно истражување на пазарот, на фокус групите, лабораториски анализи и ригорозни клинички тестови, соопштуваат од компанијата.
Во новата линија се вклучени производи како што се тестенини, кекси и овошни сокови, но и производи за нега на кожата и телото, дизајнирани „за сите оние кои сакаат да се чувствуаат млади и витални и да водат сметка за своето тело и дух“.
Новата линија го истакнува силното чувство на инклузија и почитување, кое „Пени“ го поттикнува долго време и кое ни овозможува да фрлиме светло таму каде што поголемиот број на луѓе не можат да го видат и значително да го подигнеме нивото кога се во прашање нашите општествено одговорни проекти, изјави Никола Пиердоменико, извршен директор во „Пени“ – Италија.
Извор: InStore.rs
Фото: „Пени“ - Италија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.