Свет

Холандија: „Хајнекен“ со пораст на приходите од 3,3%

25 Oct 2024

„Хајнекен“ пријави пораст на нето приходите од 3,3%, односно 7,6 милиони евра во третиот квартал, додека од почекот на годината порастот на нето приходите изнесува 5,1%.

Вкупните приходи на компанијата во третиот квартал достигнаа 9,1 милијарди евра, додека во првите девет месеци тие изнесуваат 26,9 милијарди евра.

Вкупниот консолидиран обем се зголеми за 0,7% во третиот квартал, додека нето-приходот по хектолитар се зголемил за 2,6%.

Во овој период конверзацијата на валутите го намалила нето приходот за 471 милиони евра, главно поради девалвацијата нигериската, мексичката, бразилската и етиописката валута.

Обемот на пиво забележал пораст од 0,7% при што растот во Европа, Африка и на Блискиот Исток, го надополнил благиот пад во Америка и Азиско – Пацифичкиот регион.

Нето приходот во Африка и Блискиот Исток е зголемен за 23,1%, во Америка за 1,8%, додека во азиско-пацифичкиот регион и Европа е забележан пад на нето приходот од 0,4% и 1,1%.

Компанијата го задржа своето водство за 2024 година, очекувајќи органски раст на нето оперативната добивка во опсег од 4% до 8%.

Забележавме солиден квартал балансиран раст. Нашиот бизнис продолжува да се развива во согласност со нашиот план, и покрај предизвиците на пазарот и индустријата во некои региони. Нашата стратегија „ЕверГрин“ продолжува да го обликува нашиот бизнис. Како што е планирано, значително ги зголемуваме нашите маркетинг инвестиции во втората половина од годината, изјави Долф Ван Ден Бринк, извршен директор на „Хајнекен.“

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Хајнекен“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...