На саемот „Сиал“ Париз 2024 ќе се одржат четири самити. Овој пат го претставуваме „Дип тек“ и „ВИ самит“, кои ќе понудат увид во клучните теми кои ќе ја обликуваат иднината на прехранбената индустрија. Учесниците имаа можност да слушнат исклучителни говорници.
Првата презентација и говорник на тема „Иновации во прехранбениот синџир на вредност“ беше Рам Рампали, потпретседател на „Волмарт глобал тек“, говореше за иновациите во синџирот на вредноста и прехрабените производи. Рампали ја нагласи важноста од дигитализацијата и примена на новите технологии за унрапредување на сите сегменти на синџирот, од производство до потрошувачи, со цел да се создаде одржлив и поефикасен.
Првот панел : Дали ВИ навистина ја менува игра во науката и прехранбената индустрија? Вештачката интелигенција имаше значително влијание во индустриите, како што е здравствената и логистичката, но може ли да придонесе навистина и во прехранбената индустрија? Панелистите ја истражуваа можноста и предизвиците со кои се соочува ВИ и настојувањата да ја унапреди индустријата, од развојот на производите и корисничкото искуство до производните и формулациски процеси.
На панелот учествувале : Аидит Пател, „НотКо“, „СВП“, ВИ продукт инженер, Рубен Сабах, „Хупер план ет рокует“, Александре Де Соуза Карвалхо, „Рокуете“, директор на „Фуд енд нутришн“, Алон Чен, „Тејствајс енд ТејстЏПТ, „ Д фуд интелиџенс платформ“.
Модератор на панелот беше Ализе Бланшин, директорка и партнерка во „Хелоу тумороу“. Дискусијата покажа дека и покрај тоа што ВИ значително ги унапреди производните процеси, постојат ограничувања и предизвици кои индустријата мора да ги надмине за целосно да се искористи технологијата.
Вториот панел беше на тема „Од лабораторија до маркет: Рецепти за иновации“. Овој панел се фокусира на иновациите како и пренесувањето на технолошките откритија од лабораториите на пазарот. Во дискусијата посебно се истакнаа темата - прецизни ферментации и предизвици во популаризацијрата на алтернативни протеини. Иако овие технологии нудат многу можности, тие и понатаму се соочуваат со препреки како што се законодавните рамки во ЕУ, цените, текстурата и вкусовите, што го спречува широка примена и прифаќање кај инвеститорите и потрошувачите.
Говорници на овој панел беа: Надине Бонгаерст – Дупортет, „Гоурмеу“, шеф за иновации, Рихард С. Делеринс, „Фуд аналитикс“, Лос Анѓелес & Парис, СЕО, Александар Лебеф, „Содехо“, „ВП опен иновашион енд партнершип“.
Модератор на овој панел беше Бен Константи, основач и СЕО на компанијата „Сесамерс“. Панелистите нагласија дека иако постои многу простор за иновации, клучен предизвик останува како да се направат новите технологии комерцијално одржливи и достапни на пазарот.
Третиот панел беше на тема „Дип тек & ВИ – одиме подлабоко во одржливсто на храната“.Третиот панел се фокусираше на одржливоста во прехранбената индустрија, со акцент на намалување на емисиите на CO2 и еколошки практики. Прехранбената индустрија и земјоделството сочинуваат до 30% од глобалните емисии на CO2, така што одлуките донесени од индустријата и потрошувачите во наредните години ќе имаат големо влијание. Панелот истражуваше различни пристапи, од намалување на отпадот и негова валоризација до подобрување на пакувањето и следењето на производите, со фокус на регулативите. Дискусијата се фокусираше на трендовите, инвестициите и иновативните иницијативи кои ја поддржуваат декарбонизацијата на индустријата.
На панелот говореа: Хенриета Хеарт, „Биг идеја вентурес“, ВП, Боско Емпаранца, „Моа фудтек“, Јохан Стеинерт, „Орбен“ директор за нови пазари.
Панелот е модериран од Беатриз Жакосте Лозано, директора на „Км Зеро фуд иновејшн хаб. Панелистите разговараа за клучните трендови и иницијативи кои се спроведуваат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и промовирање на поодржлива иднина за прехранбената индустрија.
Овие панели и презентации покажаа дека иднината на прехранбената индустрија лежи во иновациите кои можат да го редефинираат начинот на кој се создаваат, дистрибуираат и трошат производите низ светот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.